Актуелниот турски првак, Башакшехир, избори пласман во полуфиналето на Турскиот Куп за првпат после 2016/17.
Имено, избраниците на Ајкут Кочаман во денешното четврт-финале го надиграа Фенербахче со 1-2 после продолженија.
Во 42. минута, Џуниор Фернандес им донесе водство на номиналните гости, а само три минути подоцна, Фенербахче остана со играч помалку, откако директен црвен картон доби Маурисио Лемос.
Во вториот дел, ,,Фенер” напаѓаше со сите сили и успеа да израмни на 1-1 преку џокерот од клупата – Енер Валенсија (72′).
Во продолженијата, Башакшехир успеа да дојде до триумфот со голот на Фредрик Гулбрандсен, кој го матираше голманот Харун Текин. При вториот погодок на победничкиот состав, Текин направи лоша проценка, но спаси неколку сигурни погодоци во останатиот дел од играта.
Во полуфиналето, Башакшехир ќе ги одмери силите со победникот од дуелот помеѓу Конјаспор и Бешикташ.
📸 Twitter: Istanbul Başakşehir



