Светската тенисерка број еден, Ешли Барти, во првата рунда од својот домашен грен-слем, убедливо ја надигра Црногорката Данка Ковиниќ со 2-0 (6-0, 6-0).
Во првиот сет, Барти тотално издоминира за 18 минути, дозволувајќи само четири примени поени. Имено, Ковиниќ првпат постигна поен во петтиот гем.
Во вториот сет, Црногорката играше за нијанса подолги поени, од кои само шест завршија на нејзиното конто.
Барти повторно брзо ја надигра својата противничка, со што го направи овој меч најкраток во досегашниот тек на Аустралиан Опен (45 минути).
Во втората рунда, Австралијката ќе ги одмери силите со победничката од дуелот помеѓу Сара Сорибес Тормо и Дарија Гаврилова.
📸 ERIC FEFERBERG/AFP via Getty Images



