Трактор Чељабинск и ЦСКА Москва одиграа еден од денешните девет дуели во КХЛ.
Гостите од главниот град на Русија успеаја да триумфираат после пенали со вкупен резултат од 2-3.
Најпрво, Трактор стекна предност од 2-0 во првата третина преку Лоренс Пилут и преку Алексеј Бивалцев.
Во наредните два периоди, за армискиот состав по еднаш погодија Иван Телегин и Андреј Светлаков за изборување на продолжение, односно на пенали.
За да се одреди победникот беа потребни вкупно седум пенал-серии, на кои, ЦСКА погоди трипати благодарение на Андреј Локтионов (х2) и на Константин Окулов.
Од друга страна, за Трактор беа прецизни Вјачеслав Основин и Виталиј Кравцов.
На табелата на Западот, ЦСКА и понатаму останува во водство, додека Трактор ја зазема петтата позиција на Истокот.
📸 Пресс-служба ХК “Трактор”



