Најслабиот тим во тековната КХЛ сезона, Динамо Рига, успеа да избори бод на гостувањето кај Салават Јулаев Уфа.
Имено, домаќините од Уфа ги поразија летонските претставници со 5-4 после пенали.
Салават имаше навидум убедлива предност од 3-0 околу средината на мечот, стекната со головите на Павел Коледов, на Родион Амиров и на Пјотр Хохрјаков.
До крајот на вториот период, Динамо намали на 3-2 преку Јанис Сваненбергс и преку Глеб Зирјанов, но после осумнаесет секунди во третата третина, Теему Хартикаинен повторно зголеми на 4-2.
Сепак, со двата доцни голови на Микс Индрасис и на Денис Паршин, Динамо Рига обезбеди продолженија, односно пенали, кои беа решени во корист на домаќините од страна на Маркус Гранлунд.
И покрај бодот, Динамо останува на последното место на Западот, додека Уфа, со четвртата победа во низа, се приклучи во борбата за второто место на Истокот.
📸 Twitter: Dinamo Riga



