Штипска Брегалница одигра контролна средба против српскиот тим Раднички и го загуби натпреварот со 1:0 иако до крајот македонската екипа имаше шанса да стигне до реми, но на крај заврши со единствениот постигнат гол. Од овој натпревар, иако е од пријателски карактер беа покажани вкупно 15 картони од кои што од нив 14 жолти и еден црвен картон од судијата Гоцевски.



