Македонската футсал репрезентација против фаворитот Романија во натпревар од квалификациите за Европското првенство во спортскиот центар ,,Јане Сандански” одигра 2:2.
Нашата најдобра селекција поведе со 1:0 преку Даниел, а бод за Македонија донесе капитенот Дарко Ранготов за кого натпреварот во “Јане Сандански” беше 100-ти во дресот со националниот грб.



