Леванте во драматичен меч го совлада Вилјареал со 1:0 во четвртфиналето на шпанскиот куп, па Енис Барди и неговите соиграчи ќе бидат дел од полуфиналето во ова натпреварување.
Македонскиот репрезентативец ги одигра сите 120 минути, а во 25-та минута доби жолт картон. Кога се мислеше дека нема да падне гол ниту по продолженијата, Моралес и Роџер Марти направија акција по која топката заврши во голот на ,,Жолтата подморница”. Леванте е вториот полуфиналист после Севилја. За останатите две места се борат Гранада, Барселона, Бетис и Атлетик Билбао.



