Екипата на Ротвеис Тун (Rotweiss Thun) за кој неодамна потпиша Марија Гајиќ загуби на гостувањето кај Креузлиген во најквалитетната Швајцарска лига кај дамите со 24:20. Она што радува за македонските ракометни фанови е играта на Марија Гајиќ која даде дури 11 гола. Втората македонка Викторија Мурговска поради повреда не настапи за Тун.



