По двата порази од Филаделфија 76ерс (107-106) и од Детроит Пистонс (107-92), актуелните шампиони, ЛА Лејкерс, се вратија на победничките патеки со синоќешниот триумф над Бостон Селтикс со 95-96.
Двете екипи одиграа неизвесен дуел, во кој, ниту Селтикс ниту Лејкерс немаа ниедна двоцифрена предност.
Накрај, Џејсон Тејтум (30) и Џејлен Браун (28) беа најефикасни кај Селтикс, додека, освен 21 поен на ЛеБрон Џејмс, Ентони Дејвис додаде дабл-дабл за Лејкерс, составен од 27 поени и од 14 скокови.
Со овој пораз, Бостон (10-8) падна на петтото место на Истокот, а Лејкерс (15-6) се трети на Западот.
📸 Maddie Meyer/Getty Images



