Откако Кочо Анѓушев и компанијата ,,Брако” го прекинаа спонзорирањето на велешки ФК Борец, клубот се најде во незавидна позиција и се ставени под знак прашање високите амбиции што ги имаше клубот.

Првите најави беа дека сите фудбалери ќе добијат исписници и да можат да си бараат нова средина, но по разговорот на ветераните на Борец со господинот Анѓушев е решено фудбалерите да бидат под договор и од задутре (понеделник) ветераните да го преземат раководењето со клубот се додека не се најде спонзор и адекватно решение за излез од кризата.

Од вчера фуабалерите повторно се вратија на тренажен процес. До сега официјално има само едно заминување и тоа хрватот Никола Прелчец кој потпиша договор со Работнички. Првиот тренер Горазд Михајлов мали се шансите да остане во клубот се додека е ваква ситуацијата и не се најде нов спонзор, па и тој може да си побара нов предизвик во кариерата.



