Денес, во полскиот Душники-Здрој, во склоп на 28. Европско првенство во биатлон, имаше трки во потера во машка и во женска конкуренција во отсуство на многубројни квалитетни натпреварувачи.
Кај дамите, до најголемиот успех и првата европска титула во кариерата дојде домашната скијачка Камила Зук (29:12,7).
На подиумот, освен неа, завршија Норвежанките Каролине Ердал (+13,4) и Осне Скреде (+16,2).
Во машка конкуренција, ветеранот Артем Прима (32:11,3) го освои својот осми медал на ЕП, односно првиот златен во потера. Освен Украинецот, медали освоија Михал Крчмар (+6,6) и Ховард Гутубо Богетвајт (+12,5).
📸 TF-Images/Getty Images



