По вторпат во само два дена, Нешвил Предаторс и Чикаго Блекхокс ремизираа по регуларните шеесет минути игра и одиграа дополнителен период.
Имено, Нешвил ги доби и двата натпревари, од кои, првиот после продолжение со 3-2, а вториот после пенали со 2-1.
Главни виновници за малиот број на постигнати погодоци на вториот меч беа голманите на двете екипи, односно Јуусе Сарос (29/30 одбранети удари) за Нешвил и Кевин Ланкинен (41/42 одбранети удари) за Чикаго.
Првиот гол падна после пет минути игра во третата третина, кога Ник Казинс, со дебитантскиот гол во новата средина, им донесе водство на домаќините.
Само четири минути подоцна, Рајан Карпентер се запиша во листата на стрелците за првпат во новата сезона, израмнувајќи на 1-1.
Во пенал-серијата, единствен прецизен хокеар што им го донесе триумфот на Предаторс беше Мет Душен, кој го одигра јубилејниот 800. натпревар во НХЛ.
Со оваа победа, Нешвил изби на првото место на Централната дивизија, додека Чикаго ја зазема третата позиција.
📸 AP Photo/Mark Humphrey



