По воведните четири порази, Чикаго Блекхокс врзаа две победи и тоа над ист ривал – Детроит Ред Вингс.
Пред два дена, Блекхокс ги добија противниците од Мичиген со 4-1, а синоќа победија со 6-2.
Најзаслужен за триумфот на Чикаго беше Швајцарецот Пиус Сутер, кој освен што го постигна дебитантскиот погодок во НХЛ, го забележа и својот прв хет-трик во најквалитетната хокеарска лига во светот.
Освен Сутер, за Чикаго погодија уште Конор Марфи во втората, односно Матијас Јанмарк и Филип Курашев во третатретина.
Од хокеарите на Детроит, единствен стрелец беше Тајлер Бертуци, кој погоди по еднаш во вториот и во третиот период за резултат од 2-1 т.е. од 4-2.
После шест одиграни средби, Чикаго има пет, а Детроит – четири поени, но на табелата на Централната дивизија, помеѓу нив има уште три други екипи.
📸 NBC Sports



