Вибо Валентија, најпозитивното изненадување во досегашниот дел од сезоната во италијанската одбојкарска Серија А, го доживеа вториот пораз во низа.
Имено, претставниците на јужна Италија беа надиграни од Трентино со 0-3 во рамките на 20. коло.
Гостите од Тренто ги добија сите три одиграни сетови со убедливи 13-25, 16-25 и 20-25. За нив, ова е петнаесетта победа во низа во сите натпреварувања, а последниот пораз датира од 25 ноември 2020, токму од денешниот противник (1-3).
За МВП на натпреварот беше избран Нимир Абдел-Азиз (Трентино), кој постигна 15 поени, од кои, 6 дојдоа преку асови. Од неговите соиграчи, одличен беше и Рикардо Лукарели, кој беше 56% успешен во напад за 13 поени.
Во редовите на Вибо немаше ниту еден двоцифрен играч, а најефикасен беше Виктор Алмеида со 8 поени.
На табелата, Трентино е трет состав и значително се оддели од Вибо Валентија на четвртата позиција.
📸 Trabalza



