Единствениот денешен меч од 26. коло на англискиот Чемпионшип го одиграа екипите на КПР и на Дерби Каунти.
Во првиот овосезонски меѓусебен дуел, КПР триумфираше со 0-1 на ,,Прајд Парк”.
Денес, составот предводен од Вејн Руни го возврати ударот и со ист резултат од 0-1 го порази лондонскиот претставник.
Стрелец на единствениот погодок беше Колин Казим-Ричардс (57′), кој ја шутна одбиената топка по продорот на Камил Јожвијак.
Во продолжение, КПР имаше неколку солидни шанси како и еден недосуден пенал.
За Дерби, ова е втора победа во низа за опстанок надвор од ,,опасната” зона, додека КПР го зазема 17. место.
📸 Twitter: Derby County



