По вторпат сезонава, Финска одржа натпреварување од Светскиот куп во нордиска комбинација во машка конкуренција, но овој пат, наместо во Рука, натпреварувачите се бореа во Лахти.
Денес беше одржана втората и последна овосезонска трка во екипна конкуренција.
После првата серија, првиот тим на Австрија (Бернард Грубер и Марио Зајдл) го држеше првото место пред вториот тим на Германија (Теренс Вебер и Ерик Френцел) и пред првиот тим на Јапонија (Акито Ватабе и Рјота Јамамото).
Во втората серија, најдобро скијаа претставниците на Норвешка 1, Јорген Граабак и особено Јарл Магнус Риибер.
Двајцата Скандинавци успеаја да триумфираат пред Рисле и Гајгер за само 0,8 секунди, а Јамамото и Ватабе им го донесоа најниското место на подиумот на Јапонците.
Накрај, Германија ја освои титулата за најдобра селекција, откако беше прва на натпреварувањето во Вал ди Фиеме. И на двете трки, Рисле беше дел од екипата, а друштво, освен Гајгер, му правеше Ерик Френцел.
📸 Sandra Volk/Nordic Focus via Getty Images



