Кога е во прашање еднодневниот крикет, Ирска на очаен начин ја започна новата 2021 година.
Имено, претставниците на ,,Смарагдниот остров”, најпрво беа поразени од ОАЕ, а денес загубија и од Авганистан со 287/9 (50) – 271/9 (50).
Победата на азиските претставници им ја донесе Рахманулах Гурбаз, со неверојатни удирачки перформанси, односно со 127 постигнати поени од ист број на соочени топки.
Кај ирските фрлачи, Енди МекБрајн беше најдобар со економија од 5-29.
Во вториот ининг, Лоркан Такер беше најефикасен со 83 поени, додека од Авганистанците, Навин-ул-Хак имаше фрлачки учинок од 3-68.
📸 Twitter: Cricket Ireland



