УЕФА го објави тимот на 2020 година, кој е навистина идеален и личи на дрим-тим со ѕвездите Меси, Роналдо, Нејмар, Левандовски во офанзивата. Петмина играчи има од редовите на актуелниот европски првак Баерн, но еден, Алкантара, веќе си замина во Ливерпул.
Тимот што доминираше во Европа во 2020 година тука се голманот Мануел Нојер, во дефанзивата Кимих и Дејвис, а голгетер е фантастичниот Роберт Левандовски. Во одбраната како стопери се и Ван Дајк и Рамос, а во средниот ред покрај Алкантара, место има и за Кевин Де Брујн и за Меси. Во нападот покрај Левандовски, во тимот на 2020 година на УЕФА играат и Роналдо и Нејмар.




