По вторпат во три дена, на ледената плоча во Пенсилванија се соочија Питсбург Пенгуинс и Вашингтон Капиталс.
Првиот дуел, Пенгуинс го добија на пенали, а синоќа повторно славеа со 5-4 после продолжение.
Капиталс водеа во поголемиот дел од мечот, дури и со 2-4 во последните пет минути. Сепак, Питсбург успеа да израмни и во продолжението да го добие својот ривал, благодарение на голот на искусниот Сиднеј Кросби.
Освен Кросби, стрелци за домашниот состав беа Колтон Сивиур, Џејк Гинтцел, Теди Блугер и Евгениј Малкин.
Од друга страна, мрежата на Кејси ДеСмит ја затресоа Ларс Елер и Том Вилсон (х2) во првата, односно Евгениј Кузнецов во втората третина.
📸 AP Photo/Gene J. Puskar



