Во 23. коло од англиската Лиг 1, Портсмут го декласира Вимблдон со 4-0.
За популарните ,,Помпи”, овој натпревар беше шести лигашки во низа на кој не примија погодок.
Одличната серија ги подигна до третото место на табелата, со натпревар помалку во однос на првопласираниот Хал.
Од друга страна, Вимблдон беше поразен по петти пат на последните шест средби и падна во ,,црвената” зона.
Денес, стрелци за Портсмут беа Џон Маркис (28′), Рајан Вилијамс (36′), Шон Рагет (44′) и Бен Клоус (89′).
📸 Twitter: AFC Wimbledon



