Првото градско дерби на Москва, во 2021 година, помеѓу ЦСКА и Спартак, заврши со победа на армискиот тим.
Имено, ЦСКА славеше над ,,црвено-белите” со резултат од 2-1.
На мечот, по еден гол беше постигнат во секоја третина, така што ЦСКА поентираше во непарните, а Спартак во парните периоди.
Стрелци за номиналните домаќини беа Брендан Лајпсик и Сергеј Андронов. Андронов беше херој на ЦСКА, бидејќи го забележа победоносниот гол на две минути до крајот, во момент кога неговиот тим имаше играч помалку на ледената плоча.
За Спартак, единствен хокеар што го совлада Ларс Јохансон беше Илја Талалујев.
Со новите два поени, ЦСКА и понатаму останува на првото место на Западот, додека Спартак сè уште е во плејоф-зоната, но со драстично поризична ситуација во борбата за разигрување.
📸 Twitter: HC Spartak Moscow



