Во дуелот на двете калифорниски екипи, Голден Стејт Вориорс изборија тежок триумф над ЛА Лејкерс.
Иако губеа со 19 поени разлика во првата четвртина и со двоцифрен број на поени во наредните три, Вориорс направија пресврт и накрај славеа со 113-115.
Трагичар на Лејкерс беше ЛеБрон Џејмс, кој постигна 19 кошеви, но промаши шут за победа во последната секунда.
Кај Голден Стејт, Стеф Кари, со 26 поени и со 7 асистенции, беше најефикасен на паркетот.
Од составот на Лејкерс, Денис Шродер имаше 25 поени, а дабл-дабл постигнаа Ентони Дејвис (17 поени и 17 скокови) и Кајл Кузма (15 поени и 10 скокови).
За актуелните шампиони, ова беше прв пораз по петте врзани победи, но доволен за останување на првото место на Западот (11-4). Од друга страна, Голден Стејт скокна на 7-6, односно на осмото место на табелата.
📸 NBA



