Лионел Меси прекина една неверојатно убава серија од 753 натпревари без исклучување како играч на Барселона и во супер куп финалето против Атлетик Билбао во финишот на второто продолжение, заработи црвен картон. Инаку Барселона во ова финале загуби со 3:2 и пехарот замина во Баскија.
Меси во дуел со рака го удри во лицето Вилјалибре и веднаш знаеше дека ќе добие црвен картон. Во кариерата има уште две исклучувања на дуелите на својата репрезентација, Аргентина, а за Барселона како играч на Барселона Б пред 15 години исто така беше исклучен, но ова му е прв црвен картон како играч на А тимот на Каталонците.



