Шведска ја совлада Македонија со 32:20 во меч од првото коло во групата Г на Светското првенство за ракометари кое се одржува во Египет. Македонските репрезентативци беа рамноправни само во првата половина од првото полувреме, а швеѓаните домираа па се до крајот.
Снимката како македонските ракометари ја пејат химната го обиколи ракометниот свет, сите беа воодушевени но сето тоа не беше доволно ние да стигнеме до поволен резултат против Шведска. Во прилог и видео од пеењето на химната на македонските репрезентативци:



