Деле Али доби шанса да заигра во рамките на ФА купот од третото коло против осмолигашот Марин, но не се прослави и во еден момент сам се сопна и падна пред клупата на Тотенхем.
Резервистите му се смееја, а Герет Бејл со насмевка, на шега покажуваше дека неговиот клупски колега треба да добие жолт картон за симулирање и во тој момент и Деле Али се смееше. Погледнете ја ситуацијата:



