Македонија спремна ги дочекува квалификациите за Европско првенство кои што ги играме во Скопје во салата СЦ ,,Борис Трајковски”. Селекторот Матијашевиќ во првиот дел од натпреварите не ќе може да смета на повредениот среден блокер Филип Маџунков, но сите останати се во строј.
На конечниот список на селекторот за утрешниот натпревар со Босна и Хрцеговина и за пресметката со Турција во среда, пријавени се 14-мина одбојкари. Единствената дилема е дали Дарко Ангеловски ќе биде примач, како што играше на четирите контроли со Бугарија, или пак ќе настапи како либеро што е негова стандардна позиција во долгогодишната репрезентативна кариера.
Иван Андонов, кој може да одигра повеќе улоги во тимот, ќе го покрива отсуството на Маџунков на центар, а сите други линии се стандардни. Во споредба со Европското првенство во Словенија во 2019-та, дебитантско за нас, во репрезентацијата е Лука Костиќ на местото на Александар Милков, какои 18-годишниот Филип Савовски кој треба да биде иднина на црвено-жолтиот состав на позиција среден блокер.
Коректори: 4.Никола Ѓорѓиев
Техничари: 2.Ѓорѓи Ѓорѓиев, 11.Филип Деспотовски
Примачи: 1.Дарко Ангеловски, 5.Владо Милев, 8.Александар Љафтов,16.Стојан Николов, 17.Лука Костиќ
Средни блокери: 7.Славе Наков, 14.Иван Андонов, 19.Ристо Николов, 20.Филип Савовски
Либера: 12.Филип Николовски, 18.Васе Михаилов



