Ракометната репрезентација на Србија го направи можеби и најголемото изненадување откако одигра нерешено 26:26 на гостувањето против Франција, во квалификациите за пласман на Европско првенство во 2022 година.
Ова е втор пат за само четири дена Србија да го шокира големиот фаворит. Мијајло Марсениќ со 8 гола и Цупара со 12 интервенции беа најдобри кај гостите, додека Фабрегас со 5 и Н’Гесан со 4 погодоци беа најефикасни кај ,,Триколорите”.
Сепак на крајот при резултат 26:26, Франција имаше напад за победа, но голманот на Србија, Владимир Цупара го одбрани последниот шут и донесе голема радост за гостите. Во прилог и видео од последниот напад и одличната интервенција на чуварот на мрежата:



