Олимпијакос победи со 2:1 на гостувањето кај Панеоликос во 16. коло од грчкиот шампионат, а мечот ќе се памети по асистенцијата што ја имаше Матје Валбуена.
Францускиот интернационалец имаше фантастично додавање за вториот, победоносен погодок за Олимпијакос. Валбуена загуби рамнотежа, беше во пад, но на неверојатен начин успеа да ја додаде топката, а Ел Араби погоди за победа на фаворитот.



