Лајпцинг пропушти шанса да се искачи на чело на табелата во Бундеслигата, откако на свој терен со 1:3 загуби од Борусија Дортмунд во дербито од 15. коло. Санчо погоди во 55 минута за 1:0, а потоа следуваа два погодоци на Ерлинг Халанд.
Со овие два гола, Халанд стигна до бројката од 25 погодоци во првите 25 натпревари кои ги има одиграно во германскиот шампионат. Едиствениот гол за Лајпцинг го постигна неговиот сонародник Сорлот во судиското продолжение.