Шестиот овосезонски натпреварувачки викенд од Светскиот куп во санкање на вештачки патеки се одвиваше во летонскиот град Сигулда.
На денешната програма беше шестата трка во две серии во машки дублови, односно осма во сезоната, доколку се бројат и двата спринтови.
До првата победа во Светскиот куп после една година, дојдоа домашните натпреварувачи, браќата Јурис и Андрис Шикс (1:23,610), кои беа водечки и после првата серија.
Истоимените германски партнери, Тобијас Вендл и Тобијас Арлт (+0,029), се искачија на второто место, а радоста на Летонија ја комплетираа Мартинс Ботс и Робертс Плуме (+0,100), кои завршија на третото место.
Веднаш после нив, пласман во топ 5 изборија уште Всеволод Кашкин и Константин Коршунов (+0,316), односно водечките во генералниот пласман – Томас Штој и Лоренц Колер (+0,336).
Легендарното германско дуо, Тони Егерт и Саша Бенекен, поради проблеми во првата серија, не успеа да се бори за третиот врзан триумф и мораше да се задоволи со 22. место (+11,169).
📸 Shaun Botterill/Getty Images



