Саул Нигес не игра на препознатливо ниво веќе подолг период, а признава дека има психички проблеми што му пречат да го даде максимумот во дресот на Атлетико Мадрид.
Капитенот на ,,Јорганџиите” одигра само 18 меча, со многу помала минутажа од вообичаената, а по шокантниот пораз од нисколигашот Корнелја во Копа Дел Реј, Саул одлучи да проговори за своите проблеми.
Тој е капитен на тимот и член на Атлетико Мадрид од 2008 година и еден од омилените играчи на навивачите на „Црвено-белите“. Интересно е што ја почна кариерата како младинец на Реал Мадрид во 2006 година, а две години подоцна се пресели во редовите на градскиот ривал Атлетико и веќе 13-та година по ред е член на Атлетико Мадрид.



