Досегашниот директор во ФК Вардар, Самоил Симев си поднесе оставка од функцијата. Како што напомена самиот Симев тоа било од морални и етички причини. На позицијата директор беше седум години од самото пристигнување на рускиот бизнисмен Сергеј Самсоненко.
Самоил Симев во меѓудругото напомена дека ќе остане во Вардар се додека не се подмират платите и останатите обврски кон вработените. А освен тоа заедно со Самсоненко во 2018 година го информирале град Скопје дека клубот има финансиски проблеми и дека треба да се најде ново решение за спонзорирање на Вардар.
Сега овој месец е клучниот за тимот дали и понатаму ќе функционира или ќе згасне, а подготовките на ,,Црвено-црните” се закажани за 14 јануари и дотогаш веќе треба да се најде спонзор кој ќе вложува во македонскиот бренд.



