Еди Мена Перес пристигна на медицински прегледи во Тетово и се очекува да потпише договор со македонскиот прволигаш од Џепчиште. Ренова ги почна подготовките за новата сезона и ако биде се во ред со медицинските прегледи клубот ќе потпише договор со фудбалерот.

Играчот од средниот ред има 23 години и пет настапи сезонава за колумбискиот второлигаш Ланерос, за кого не успеа да постигне ниту еден погодок. Пред стартот на продолжението на првенството закажано за 14 февруари, Ренова со 19 бода е во опасната зона за испаѓање од Првата лига.
Фото: K.F Renova



