Барселона ја активираше клаузулата за продолжување на договорот со Рикард Рики Пуиг до 2023 година, а отштетната клаузула за предвремено заминување од клубот на 21-годишниот играч изнесува 100 милиони евра.
Првиот договор што талентираниот фудбалер за врска го потпиша со клубот во 2018 година имаше и таква клаузула за автоматско продолжување на уште две години, што Барселона го искористи и го задржа големиот талент во своите редови.