Во рамките на 17. овосезонско коло од италијанската Серија Б, ,,копјата” ги вкрстија две екипи што се претенденти за директна промоција во Серија А – Лече и Монца.
Играта во првото полувреме беше исклучително сиромашна, без посериозни прилики, а погодок не падна ниту во вториот дел, иако играта стана пожестока и на двете страни.
Во 90. минута, капитенот на Монца, Џузепе Белуши, доби директен црвен картон поради стартот со две нозе над Панајотис Тахцидис. За тимот во сопственост на Силвио Берлускони, ова беше прв црвен картон по враќањето во Серија Б.
Нашиот интернационалец, Леонард Жута, беше стартер за Лече и ги одигра сите деведесет минути.
Накрај, мечот заврши со 0-0, а освоениот поен ја остави Монца на третата и го искачи Лече на петтата позиција.
📸 Calcio Lecce