Првата трка во 2021 од Светскиот куп во алпско скијање беше во дисциплината слалом во женска конкуренција.
Истата се одржи денес на Слјеме во близина на Загреб – главниот град на Хрватска.
До третата победа во слалом во тековната сезона стигна Петра Влхова (1:59,08), која за нијанса заврши пред Катарина Линсбергер (+0,05) и пред Мишел Жизен (+0,22).
Микаела Шифрин (+0,27) го освои четвртото место, а сите останати конкурентки заостануваа над една секунда. Од нив, во првите десет завршија уште: Ерин Миелжински (+1,40), Венди Холденер (+1,46), Кристин Лисдал (+1,74), Лена Дир (+1,91), Кјара Маир (+2,42) и Мина Фирст Холтман (+2,56).
📸 Eurosport



