Петтиот овосезонски натпреварувачки викенд од Светскиот куп во санкање на вештачки патеки се одвиваше во германскиот Конихзее.
На денешната програма беше петтата трка во две серии во машка индивидуална конкуренција, односно седма во сезоната, доколку се бројат и двата спринтови од Инсбрук и од Винтерберг.
Накрај, првите тројца останаа на истите позиции и по првата и по втората серија. Победата замина во рацете на Феликс Лох (1:38,218), а на подиумот се пласираа Роман Репилов (+0,285) и Јоханес Лудвиг (+0,701).
Освен нив, заостаток под една секунда имаа уште: Нико Глајршер (+0,736), Семјон Павличенко (+0,774), Јонас Милер (+0,782), Макс Лангенан (+0,832) и Волфганг Киндл (+0,845).
📸 dpa/Matthias Rietschel



