Повеќе од една деценија Карим Бензема носејќи го дресот на Реал Мадрид се промовираше во еден од најдобрите голгетери на денешницата и има над 350 гола во кариерата. Во последните две години, Бензема доби еден вид нов имиџ додека е на теренот, а тоа е бандажираната десна дланка.
Многумина се прашуваат зошто Бензема во овие две години, секогаш носи завој на раката, а одговорот може да се најде во тоа што се случи во јануари 2019 година. На дуелот против Реал Бетис, Бензема го скрши малиот прст на десната рака и требаше да прави операција.

Сепак французинот никогаш не замина на операција и реши да продолжи да игра со завој. Во јуни 2019 година, по направените лекарски прегледи било потврдено дека Бензема може да игра и со „скршен прст“, па во последните две години речиси и да не може да се види Карим Бензема без завој на раката.



