Micro Mobility објави дека првите тестови на шасијата се веќе започнати, а наскоро ќе заврши и првиот целосно функционален прототип. Планот е да се произведат пет прототипови и секој ќе трае неколку недели.

Иако е чудно зошто им треба толку време за ваков автомобил, причината е во имотно-правните односи со италијанската компанија „Изета“, која требало да го произведува автомобилот.

Како и да е, таа направила своја верзија под капата на Артега и го нарече Каролино. Неодамна на Фејсбук е објавено видео од тест возилото. Работи на електрична енергија и вози до 90 км на час, а благодарение на масата од 513 кг, и со помали батерии од 14,4 kWh, може да помине околу 200 км. Овој симпатичен двосед се очекува да чини околу 12.000 евра.






