Кошаркарите на Барселона, играчи „Под 18“ години, се победници на квалификацискиот турнир на Евролигата во оваа возрасна категорија кој во изминатите три дена се одржуваше во Валенсија.
Со победата и тоа убедлива од 79:55, во финалниот натпревар, против „соседите“ од Бадалона, екипата на Хувентуд, Теодор Симиќ и неговите соиграчи се пласираа на завршниот турнир на Евролигата кој следната година, во мај, ќе се одржи во Келн.Теодор Симиќ кој има 16-години и игра зрело за своите години, овој пат реализираше 12 поени, имаше 5 скока и една асистецнија.



