Кирил Лазаров има играно на завршниот Фајнал фор со неколку екипи и тоа со: Сиудад Реал, Атлетико Мадрид, Барселона и со Нант и при тоа на овие турнири има вкупно постигнато 65 гола.
На последниот завршен турнир на Ф4 во Келн, во ,,Ланксес Арена”, Лазаров немаше можност за нови погодоци затоа што тимот на Нант не беше во конкуренција, па Микел Хансен со ПСЖ и Арон Палмарсон со Барселона му се доближија до рекордот на македонскиот репрезентативец.
На двата натпревари Хансен постигна вкупно 12 гола и сега има вкупно 60 гола, додека Палмарсон е на трето место по бројот на погодоци и има вкупно 59 гола. Кирил Лазаров останува ,,Крал на стрелците” барем уште шест месеци пред новиот Фајнал фор турнир.