Традиционално секоја година, помеѓу католичкиот Божиќ и Нова Година, светските биатлонци ревијално се тркаат на Светскиот предизвик во Германија. Овогодинешното 19. издание, наместо во Гелзенкирхен, се одвиваше во Рухполдинг.
Под ова натпреварување се подразбира мешана тимска трка по масовен старт, но без компетитивен карактер. Поради тоа, изостануваа повеќе врвни биатлонци и целосните состави на Норвешка и на Франција.
Накрај, после двете серии, руското дуо од Матвеј Елисеев и од Евгенија Павлова (33:06,4) дојде до триумф пред двете германски групи. Франциска Пројс и Симон Шемп (+7,1), а третото место им припадна на Денизе Херман и на Бенедикт Дол (+25,1), кои во фото-финиш ги совладаа Италијанците Лукас Хофер и Доротеа Вирер.



