Кил ќе игра против Барселона во големото финале од Лигата на Шампионите, откако славеше над Веспрем со 36-35, по продолженија од двапати по 5 минути. Дуелот беше вистинско уживање за љубителите на ракометот. Најпрвин Веспрем губеше со 7 разлика но успеа да се врати. Потоа поведоа со четири разлика но тогаш на сцена стапи мајсторот за одбрана Домагој Дувњак кој одигра одлично на преден на одбрана 5-1 и успеа да украде неколку топки и да го врати Кил во игра и да стигне до продолженија два пати по 5 минути.
Во нив продолжи драмата и Веспрем после првото продолжение водеше со два разлика, но германците на упорност се вратија во игра поведоа и тоа беше доволно за победа од 36-35. Најдобар во Кил беше Пекелер со 8 гола, пред Екберг со (7/7), додека кај Веспрем најефикасен беше Борозан со 7 гола,колку што постигна и Маргуч (7/7). Дејан Манасков играше во второто полувреме и даде 2 гола од 4 обида.



