Салават Јулаев Уфа и Металург Магнитогорск го одиграа дербито на денот во КХЛ.
Истото заврши со 4-2 во корист на Салават, а беше составено од три серии со по два погодоци.
Најпрво, Џиоф Плат и Михаил Науменков погодија за 2-0 во корист на домаќините, а до крајот на втората третина, Андреј Чибисов и Богдан Потехин израмнија на 2-2 за Металург.
Третиот период помина во целост на Салават Јулаев. Хокеарите на ,,зелениот” тим постигнаа два гола во завршните петнаесет минути за конечниот триумф. Стрелци беа Владимир Жанков и Александер Кадејкин.
За Металург, денешната средба имаше посебно значење бидејќи се одигра точно на клупскиот 65. роденден.
За Уфа, ова е четврта победа во последните пет натпревари, доволен за скок на третото место на Истокот, потиснувајќи го денешниот ривал на петтата позиција.



