Суперталентираниот макеоднски кошаркар, Теодор Симиќ со свои 16-години е неизоставен дел од гигантот Барселона и во јуниорската Евролига играат значајна улога. Барселона на мечот против герамснки Улм славеше со резултат од 59:50.
Теодор Симиќ имаше на располагање нецели 12 минути во кој постигна солидни 6 коша и 3 скока. На втората пресметка против тимот на Грн Канарија, каталонците триумфираа со резултат од 85:47 и на овој натпревар Симиќ имаше главна улога во кои што за 16 минути на паркетот имаше ефект од 10 поени и 8 скока и само два скока му негостигнаа за да комплетира дабл ефект.
Треба да се напомене дека младиот македонски висок кошаркар е две години помал од конкуренцијата и таа разлика игра голема улога, но сепак тимот смета сериозно на неговите услуги, а тој факт дека е важен сегмент од Барселона докажува и фактот што Симиќ е пријавен и за сениорскиот тим на Барса во Евролигата.



