Арсенал е во зоната за опстанок, има серија на резултати без победа, а од друга страна Челзи цели кон висок пласман во Премеирлигата. Но во Лондонското дерби по првите 45 минути ,,Топџиите” им одржаа лекција по фудбал на Сините од Лондон. Домаќините поведоа со голот од белата точка преку Лаказет, а Џака со спектакуларен гол од слободен удар ги постави конечните 2:0 по првото одиграно полувреме.



