Чави Ернандес заедно со Андрес Иниеста со години беа „мозокот“ во играта на Барселона. Овие двајца играчи беа креативци какви што ретко се раѓаат и заедно со Лионел Меси создаваа напад страшен за сите одбрани.
Во времето кога Чави и Иниеста доминираа на средианта на теренот, Барселона ја воспостави популарната „тика-така“ игра, која се карактеризираше со многу кратки и брзи додавања. Дека Чави и како тренер знае тоа да ја преточи „тика-така“ играта на теренот, се потврди и со погодокот што го даде неговиот тим Ал Сад.
Нападот започна од голманот, а потоа следуваа 10-тина кратки и брзи додавања, а топката за миг се најде пред противничкиот голман и заврши во мрежата. Во прилог и видео од целата акција која многу наликува на таа на Барселона од времето на Чави и Иниеста:



