Селекторот на македонската репрезентација до 21 година, Благоја Милевски во Охрид со селекција на фудбалери до 21 година го реализира тренинг кампот заедно со репрезентацијата до 19 години која ја предводи Шкумбин Арслани. Двете селекции одиграа два контролни натпревари, а Милевски ги споделува размислувањата во однос на реализираната програма.
,,Го реализираме тоа што всушност го имаме во програмата за овој тренинг камп. Важно за нас е да имаме појасна слика пред сѐ за индивидуалниот потенцијал и квалитетот на фудбалерите. Токму затоа денеска имавме и тестирања за брзинските карактеристики на секој поединец. Првиот контролен натпревар ни даде слика за одредени работи, мислам дека извлековме доста позитивни работи, но мораме да имаме во предвид дека ова се фудбалери кои прв пат се заедно. Тренинзите и натпреварите се корисни и за нас, но и за селекцијата од 2002. година каде што има одлични фудбалери, мислам дека заеднички можеме да си помогнеме и да создадеме одредена база за блиска иднина” – изјави селекторот на македонската репрезентација до 21 година, Благоја Милевски.
Фото и извор: https://ffm.mk/



