Англичанецот во редовите на Атлетико Мадрид, Киран Трипие е суспендиран на 10 недели и нема право на настап во Примера поради скандал со обложување. Имено, Трипие беше под обвинение за недозволено обложување кое се случи во 2019 година, а потоа тој направи трансфер од Тотенхем во Атлетико Мадрид.
И кога помисли дека казната нема да го стигне дојде пресуда во која што вели дека играчот е суспендиран 10 недели и ќе пропушти во тој период 13 натпревари. Освен тоа е казнет и парично, а таа изнесува 70.000 фунти. Казната му истекува на 28 февруари 2021 година.



