Манчестер Јунајтед и Манчестер Сити повторно ќе се сретнат во полуфиналето од Лига Купот на Англија. Ждрепката одлучи двата гиганти од Манчестер повторно да се борат за пласман во финалето, исто како во ланската сезона кога Сити го доби двомечот и подоцна го одбрани трофејот во Купот.
Вториот полуфинален пар е Тотенхем – Брентфорд. Оваа сезона ќе се игра еден полуфинален натпревар, наместо двомеч како по обичај, кои се закажани за првите денови во јануари 2021 година.